Познати 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, еве кои се

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти имиња на 25 сигурни кандидати за градоначалници за престојните локални избори наесен.

Од таму се уште немаат одлучено кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, но потврдуваат дека во игра се актуелниот градоначалник на Киселе Вода, Орце Ѓорѓиевски и актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, со чии имиња се шпекулира извесно време.

Оваа се 25. сигурни кандидати за градоначалници, од кои некои се и актуелни градоначалници: за Аеродром, Дејан Митески, за Бутел, Дарко Костовски, за Ѓорче Петров, Александар Стојковски, за Чучер Сандево, Зоран Пајовски, за Штип, Иван Јорданов, за Велес, Марко Колев, за Свети Николе, Дејан Владев, за Карбинци, Виктор Паунов, за Градско, Киро Наков, за Кавадарци, Митко Јанчев, за Гевгелија, Андон Сарамндов, за Зелениково, Коста Маневски, за Илинден, Александар Ѓорѓиевски, за Конче, Златко Ристов, за Делчево, Иван Гоцевски, за Ново Село, Ѓорѓи Божинов, за Василево, Славе Андонов, за Босилово, Ристо Манчев, за Берово, Петар Лужински, за Петровец, Борче Митески, за Битола, Тони Коњановски, за Охрид, Кирил Пецаков, за Вевчани, Спасе Кочовски, за Брвеница, Јовица Илиевски и за Јегуновце, Димитар Костадиновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горан Герасимовски и Томе Христовски, кандидати за градоначалници на СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести