Познати се уште осум кандидати за градоначалници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори.
Тие биле избрани на седница на Извршниот комитет (ИК) на партијата, која се одржала во Штип, информираше Антонио Милошоски, член на ИК на партијата и актуелен потпретседател во македонското Собрание.
За Македонски Брод кандидат ќе биде актуелниот градоначалник, Жарко Ристески, а за Могила ќе биде исто така актуелниот градоначалник, Драганчо Саботковски.
За Пробиштип кандидат ќе биде Тони Тоневски, за Богданци, Марјан Пеев, за Демир Капија, Наталија Димитриева, за Росоман, Ѓорги Крстевски, за Новаци, Стевче Стевановски и за Дебарца, Златко Силјановски.
За Скопје се уште има одлука, а од партијата велат дека кандидатот ќе биде познат во средината на идниот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, еве кои се
Горан Герасимовски и Томе Христовски, кандидати за градоначалници на СДСМ