Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%

Експанзијата на кинеската платформа Тему и други слични онлајн платформи за продажба во Македонија, на кои јавно се пожалија македонските трговци носи измени на Законот за додадена вредност (ДДВ), со кои пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%.

Предлогот за измени на Законот од страна на Владата веќе е доставен до македонското Собрание, а истите предвидуваат укинување на ослободувањето од плаќање на ДДВ за производите што граѓаните ги нарачуваат од странство ако нивната вкупна вредност не го надминува износот од 22 евра.

Измените предвидуваат ослободување од ДДВ само за мали пратки со некомерцијална вредност, испратени од физичко на физичко лице, кои не надминуваат вредност од 22 евра, но ослободувањето од ДДВ нема да има за алкохол, парфеми, тутун и слични производи.

Измените ќе бидат ставени на гласање во Собрание по локалните избори, чии прв круг е на 19. октомври, а втор на 2. ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тему “растура“ и во Македонија

Гешовски: Од Тему наместо до 22, ќе може да се купува и до 90 евра, на што ќе се плаќа данок

Фото: Тему

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести