Прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк и за ТВ 24 Вести и ТВ Вистел

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница одлучи да поведе прекршочни постапки и против ТВ 24 и ТВ Вистел, информираа од таму.

Како што појаснуваат од таму, двете телевизии на 19. октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитувале изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта.

ТВ Вистел во два наврати емитувала прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 во вестите во 10 часот емитувала изјава од истиот министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекршочни постапки за ТВ 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести