Преку продажната мрежа на КАМ, македонските производители извезле производи во вредност од три милиони евра

КАМ – македонскиот бр. 1 малопродажен синџир, продолжува да го поддржува развојот на македонската економија преку соработка со голем број домашни производители и пласман на нивните производи на домашниот пазар како и во регионот, информираат од таму.

KAM соработува со повеќе од 160 домашни производители, а на македонскиот пазар во 2024 година пласирал домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Речиси три милиони евра е извозот што во 2024 година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и Косово.

„Поддршката на домашното производство е клучен двигател на економскиот развој. Горди сме што соработуваме со голем број македонски производители, нудејќи им стабилен пласман и фер услови за раст. Оваа соработка не само што овозможува свежи и квалитетни производи на нашите рафтови, туку и директно придонесува за отворање на нови работни места и зајакнување на локалните економии низ целата држава.

Како компанија, остануваме посветени на создавање вредност дома – за производителите, за потрошувачите и за заедницата во целина,“ велат од КАМ.

Исто така, според податоците од „Бизнис Мрежа“, компанијата и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири со повеќе од 1.400 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.

Во моментов, компанијата функционира со 85 маркети во Македонија и 26 маркети во Бугарија.

Во Македонија, КАМ минатата година остварил приход од над 298 милиони евра и профит од речиси 7 милиони евра. Вложувањето во модернизација на продажната мрежа и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести