Од Институтот за јавно здравје денеска излегоа со препораки и мерки за актуелната состојба со несобраниот смет во Скопје, што може да предизвика и болести, како што предупредија микробиолозите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои болести ги пренесуваат глодарите, кои се новата опасност од несобраниот смет во Скопје
Од таму на населението на Скопје му препорачуваат:
–Да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфициенс за раце после фрлање на отпад).
-Совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.).
-Внимателно ракување, селектирање, собирање и фрлање на отпадот.
-Затварање на капаците на кантите при фрлање на отпадот.
-Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот.
-Да се избегнува стагнирана (застоена) вода и исцедок од отпадот.
-Внимание при излегување со домашни миленици да не дојдат во допир со отпадот и исцедок од истиот.
-Да не се фрла отпад надвор од одбележаните места за собирање на истиот.
-Да не се фрла отпад на нелегални депонии.
-Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита).
Од таму препорачуваат и мерки за надлежните институции:
-Итно и неодложно отстранување на одложениот и расфрлан отпад во и надвор од контејнерите со сите расположиви технички, човечки и финансиски ресурси.
-Итна мобилизација за собирање и отстранување на најголемите купишта во населени места со најголема изложеност; приоритет: болници, домови за стари лица, основни и средни училишта, паркови и игралишта.
-Итно, вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите.
-Каде не е можно ова, да се постават физички времени бариери (мрежи) за да се спречи пристапот на глодари и улични животни.
-Дислокација на контејнерите – подалеку од почести патики на движење на луѓето и особено подалеку од детски игралишта, училишта, градински или здравствени институции.
-Редовен транспорт и празнење на контејнерите (минимум еднаш дневно во погусто населените делови од градот).
-Задолжително затворање на капаците на контејнерите.
-Итна набавка на потребната опрема особено соодветен број на контејнери (механизација во континуитет).
-Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита) вклучително и задолжителна вакцинација; тренинг за правилно ракување и известување за повреди.
-Интензивен надзор за заразни заболувања: засилено пријавување со епидемиолошко истражување (фокус на дијареи, случаи на лептоспироза, хоспитализирани пациенти со зоонози и слично).
-Едукација на населението за здравствените ризици поврзани со овој проблем и препознавање на симптомите поврзани со истото.
-.Јавна комуникација: предупредувања и практични совети до граѓаните (лична и колективна хигиена, како да ја чуваат храната, да избегнуваат стагнирана вода, да избегнуваат физички контакт со отпадот или исцедокот, како да пријавуваат нелегални депонии).
Препорачуваат и долгорочни мерки:
-Интегриран систем за управување со комунален отпад (редовно отстранување, навремена набавка на потребна опрема, контејнери и механизација).
-Имплементација на систем за управување со цврст отпад преку смалување, повторна употреба, рециклирање и регенерација.
-Постојана едукација на населението за примарна селекција на отпадот, во најмала рака на органски и неоргански отпад и совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.).
-Образовни програми за граѓаните и вклучување на локалните заедници во решавање на проблемот (на пример, механизми наградување за селекција/откуп).
-Контролни и регулаторни политики – казнување за несовесно одлагање на отпадот, чести локални инспекции, програми за често и редовно чистење на јавните простори и улици (прво механичко отстранување на отпадот со метење, потоа миење).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сабахaдин Рустеми, директорот на Комунална хигиена
Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје
Наместо запалки и пенкала, ѓубре за гласачите во Скопје














