Денеска пристигна првата пратка со компресивни костуми за повредените во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“, кои пристигнаа од специјализирана фирма во Бугарија, „Хелт2000“.
На денешното предавање на донацијата присуствуваа претставници на бугарската фирма, како и на производителот „Јузо“ од Германија.
Од „Супорт Кочани“ велат дека компресивните костуми се потребни кај пациентите кои имаат трансплантирана кожа, ги стегаат нервите и ги задржуваат виталните функции на самото место, прстите и слично.
Доколку не се носат специјалните одела, некои од пациентите се во опасност од трајни оштетувања и инвалидитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Support Kocani“ исплатија 15.000 евра за компресивна облека, средства целосно обезбедни од донации
Фото: Support Kocani