Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска бил приведен сопственикот на отпадот за старо железо во Визбегово, каде изби пожар, А.Н..
Тој е приведен поради непочитување наредба од службено лице.
Од МВР информираат и дека има и едно повредено лице.
Во отпадот за старо железо гореле хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди.
Во Визбегово од страна на сопственикот на отпадот, беше нападната и екипа на телевизијата Алсат М, на што реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
-Според информациите од колегите, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице – сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот. Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на новинарот Тахири и го фрлил во огнот, а снимателот Шенол Хајредини бил исто така нападнат и му била скршена камерата, соопшти ЗНМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Пожар во Визбегово: Загрозени куќите и ако е потребно луѓето ќе се евакуираат, велат од ЦУК
Видео: МВР