Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 година во 23:45 часот од страна на Александар Митовски, водител на емисија на порталот “Инфомакс“, кој во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје пријавил дека во редакцијата на порталот, лоцирана на улицата „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Лицето оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, а биле присутни и водителот М.Н. и камерман.
-Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница Бардовци.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилен упад во редакцијата на „Инфомакс“, ЗНМ со остра осуда













