Процентот на пушачи во Шведска е под 5%, како нивното искуство и регулативата за користење на алтернативни производи може да се пренесе во другите земји

Известувач од Стокхолм за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Местото на цигарите е во музеј, тоа е визијата на компанијата Филип Морис Интернешнл (ПМИ), која традиционалната конференција Technovation ја оддржа во музејот Фотографска, во Стокхолм, од каде што на симболичен начин се испрати оваа порака.

Ниту Шведска не е случајна, имајќи предвид дека е држава во светот која предводи во замената на стандардните цигари со производи без дим. Пушењето на традиционални цигари е под 5 %, за разлика од 80-те кога процентот бил 45%. Шведска има и најниската преваленца на пушачи која пак е во корелација со намалување на смртноста предизвикана од согорување на тутунот во традиционалните цигари.

„Ако пред 20 години беше невозможно да се замисли свет без цигари, сега оваа реалност започнува да биде дел од нашето секојдневие. Визијата да се креира свет без чад преку алтернативни тутунски производи се покажа реална и изводлива,“ изјави генералниот менаџер на ПМИ, Јацел Олцак на конференцијата Technovation одржана во Нојшател, минатата година.

Јацек во таа прилика објасни како целата трансформација на ПМИ започнува пред неколку децении кога компанијата се насочува кон создавање на производи што ќе бидат подобра алтернатива од цигарите.

Како што самиот потенцираше „никој не веруваше дека ќе се случат промени, кои се случуваат и тоа побрзо од очекуваното“.

„Светот се менува, а со тоа и компаниите ги менуваат своите стратегии. Визијата на ПМИ да има свет без чад станува реалност, а со тоа ќе се намалат драстично негативните ефекти од пушењето цигари,“ додаде тој.

Иновациите рака под рака со скептицизмот

Наспроти скептицизмот на дел од земјите, во однос на алтернативите на традиционалните цигари, во мајнцетот во Шведска е иновацијата да се претвори во позитивен импакт врз општеството.

Зборувајќи за важноста на иновациите и како тие во нивните почетоци не се препознаени, а од друга страна спасуваат животи потпретседателот за комуникации на Филип Морис Интернешнал, Томасо Ди Џовани, како пример го наведе безбедносниот појас за автомобили, кој бил измислен во 1959 година, а пронаоѓач бил Нилс Болин, шведски инженер кој работел за компанијата Волво.

Тој го создаде безбедносниот појас кој стана стандарден во автомобилите ширум светот, но иако оваа иновација беше од големо значење, беа потребни приближно 10 до 20 години за таа да стане широко прифатена и безбедносниот појас да стане законски услов во повеќето земји.

„Мозокот е дизајниран да иновира, за да преживее, но прво нешто што оди со иновациите тоа е скептицизмот. Тој ги блокира и одложува нешто што може да ги промени нашите животи. Животните навики може да се менуваат низ иновации, и зошто да не се применуваат доколку имаат многу поголем бенефит за нас, како што се алтернативните производи наместо цигарите. Кога тутунот не се се согорува, тогаш немаме високо ниво на токсичност,“ рече Ди Џовани, потенцирајќи дека прифаќањето од страна на општеството и консументите е од огромно значење, а во овој дел од огромна важност е регулативата.

Кристос Харпантидис, потпретседател за екстерни прашања на Филип Морис Интернешнал подвлече дека секоја европска држава има различна регулатива и има охрабрувачки резултати во државите каде што се лансираат алернативните производи и има правна рамка за секој од нив.

„ Шведска е пример како иднината би изгледала. Шведската регулатива се менува значајно и е инспирирана од иновациите за истите да можат да бидат имплементирани, бидејќи станува збор за производи кои се создавани врз база на научни истражувања. Тобако индустријата нуди алтернативни производи на традиционалното пушење, кои што имаат нула согорување и тие можат да им помогнат на пушачите да се откажат од цигарите со согорување на тутун ,“ вели Харпантидис.

Во однос на младите и одговорното консумирање ,тој додаде дека овие производи се наменети за +18 и секој има лична одговорност за нивната употреба, но најважно е што преку платформи и средби се вршат едукации за да се објаснат разликите помеѓу традиционалните цигари  алтернативните производи, како и разликите помеѓу новите производи, со научно поткрепени факти.

За производите да стигнат до рацете на вистинските консументи односно полнолетни лица, главна улога играат регулативата во секоја од државите, едукацијата на родителите и младите, платформите за продажба, препродавачите.

Ник Рикетс претседател на одделот за орални производи при ПМИ, ја поттенцираше важноста на транспарентноста во работењето како една од борбите против дезинформациите за овие производи.

„Константни сме во работењето и одговорни во инвестициите, кои придонесоа 43 милиони луѓе да живеат подобар живот заради овие производи. Јапонија, Шведска, Италија, Грција се навистина добри примери во кои има различни портфолија од овие производи, пред се како резултат на дијалогот со властите,“ рече Рикетс нагласувајќи дека влади со напредно размислување, препознаа дека научно поткрепени помалку штетни алтернативи, може да играат важна улога во забрзувањето на откажувањето од пушењето.

Државите кои имаат „отворен ум“ за прифаќањето на иновациите постигнуваат позитивни резултати во насока на намалувањето на бројот на пушачи на цигари, нивно префрлање на алтернативни производи придонесувајќи во насока за подобро јавно здравје и социо-економски бенефити

„Има добра и лоша регулатива, но едно е сигурно дека екстремните мерки и забраните не работат. Франција е лош пример за регулативата на никотин, а имаат висок процент на пушачи од околу 40%. Забраните на подобри алтернативи, за кои не сакаат да дискутираат, свесно ги тераат луѓето да пушат.

Ни требаат соработници во регулаторите на индустријата за адресирање на проблемите, а не екстремни забрани. Сите производи не се исти, по дефиниција се различни и оттука регулативата не може да биде иста. Во многу земји овие различности се препознати, даноците се различни и има добра регулација,“ вели Рикетс.

Фармацевтот Тод Прохнау вели дека важно е, за оние кои што сакаат да се откажат од пушењето а не можат, да има производи кои што можат да им се понудат како замена.

„За мене како фармацевтет е важно, на луѓето кои не се подготвени да се откажат да знаат дека има опција. Некои ќе прифатат, некои не, но важна е поддршката бидејќи одговорот на замената за пушење, е различен кај секој. Потребно е да има опции за луѓето да одберат. Не сите имаат иста зависност од исто ниво на никотин,“ рече Прохнау.

Поранешниот секретар за здравство и услуги  во САД Том Прајс порача дека потребно е да се слуша науката во развојот и во истражувањето.

„Гласот на науката различно звучи при креирањети на политиките и носењето на регулативите. Најважно е да се намали ризикот по здравјето кај луѓето, имајќи предвид дека традиционалните цигари се причинители на голем број болести и смртни случаи,“ додате Прајс.

Долга традиција на снуз во Шведска

Употребата на снуз во Шведска има долга традиција и е дел од нивната култура, социјализација и начин на живеење. На употребата на снуз, му претходел снуф кој датира од 1700 година и се користел преку нос. Бидејќи станувало збор за скап производ, бил достапен само за аристократијата и повисоките општествени слоеви. Неговиот начин на употреба се сменил со Француската револуција во 1789 година, од кога всушност употребата на тобакото станува политички став.

Снуф преминува во снуз во 1800 година, и за разлика од употребата на снуф во преку нос, снузот се употребува орално. Исто така снуф употребувале и мажи и жени, а снуз, на почеток само мажите. Кога луѓето почнале да се преселуваат од селата во градовите снузот станал секојдневен луксуз за мажите од работничката класа. Предноста било во тоа што не само што го киристеле и додека работат, туку и бил евтин.

Почетокот на Првата светска војна влијаел врз намалување на консумирањето на снуз, имајќи го предвид недостатокот на тутун. Но по завршувањето на војната, забележан е рекорд во консумирањето на снуз, 7.000 тони за една година

Сите овие факти се запишани во музејот за снуз во Стокхолм кој сведочи за историјата на тутунската индустрија во Шведска и почетоците на употребата на снуз. Приказната е раскажана и низ семејствата кои се бавеле со овој бизнис, кои создале едни од денешните најпознати брендови и истите се нарекуваат „снуз династии“.  Различниот дизајн на паковките порано, говорел за професијата на сопственикот кој ги поседувал па имате табакери во вид на чевли, библија…

Почетоците на денешната регулативата на Шведска во врска со употребата на снуз датираат од 70-те години на минатиот век, кога властите, согледувајќи ја штетноста на цигарите ги зголемиле даноците, и цената драстично се зголемила. Ефектот од овие мерки резултирал со промена на навиките на Швеѓаните сo употребата на тутунот воопшто, и на снузот особено.

Македонија на врвот на европските земји според број на пушачи

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), се проценува дека во светот има околу 1,3 милијарди пушачи, а пушењето се уште е една од главните причинители на болести со фатален исход.

„Ако не пушите, не почнувајте. Ако пушите – престанете. Ако не можете да престанете – префрлете се на помалку штетни опции. Променете, затоа што денес имате наука, технологија, иновации, имате многу алтернативи, подобар избор, префрлете се на нив. Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето здравје,“ велат од ПМИ.

Податоците говорат дека од 2008 година, Филип Морис Интернешнал инвестирале 16 милијарди долари за да развијат научно базирани иновативни производи,врз чиј што развој работат 1.600 инженери, научници, техничари. 99% од расходите на компанијата се насочени кон бизнисот без дим. Целта на компанијата е производите без чад да учествуваат со две третини од вкупните приходи во 2030 година.

Во однос на Македонија, според најновите наоди на Аналитика, 53.8% од возрасните користат тутун или никотински производи, додека 50% се активни пушачи на цигари, што ја позиционира земјата меѓу оние со највисока распространетост во Европа.

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, по усвојувањето од страна на Владата оди во Собрание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести