Продаден дел од имотот на Груевски за двојно повисока цена

Продаден е дел од имотот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој неодамна беше ставен на продажба, а му беше одземен за случајот “Плацеви на Водно“.

На продажба беа пет стана, три во комплексот Панорама на Водно и два на улицата Бихаќка.

Од Агенцијата за управување со одземен имот за Фокус велат дека се продадени двата станови на Бихаќка.

Поголемиот стан од 57 метри квадратни се продаваше по почетна цена од 63.000 евра, а достигна цена од 131.186 евра, а помалиот од 38 квадрати, се продаваше по цена од 44.000 евра, а надавањето заврши на сума од 90.016 евра, пишува Фокус.

Засега купувачот/купувачите не се познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На продажба станови на Груевски, на колку се проценети?

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести