Државниот завод за статистика соопшти дека цените на угостителските услуги во ноември 2025 година се зголемени за 0.2% во однос на претходниот месец.
Цените на угостителските услуги во ноември годинава во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 4.1%.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.2%.
Цените во угостителството, по групи, во ноември годинава во однос на октомври 2025 година се зголемени за: 0.2% кај Храна, 0.6% кај Алкохолни пијалаци и 0.1% кај Ноќевања.
Во групата Безалкохолни пијалаци не е забележана промена на цените.
Фото: Унсплеш














