Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Од почетокот на месец септември до 31. октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период, информираат од НЛБ Банка АД Скопје.

-Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци, посочуваат од таму.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии, велат од таму.

-Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата, велат од Банката.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести