Првите маркети ќе бидат во Џевахир Мол и Retail Fresh Store во Скопје: Spar влегува на македонскиот пазар

Како и што пишуваше еМагазин неодамна на македонскиот пазар влегува холандскиот малопродажен трговски ланец Spar.

Како што информираат од таму, првите маркети на Spar ќе бидат во Џевахир Мол и Interspar во комплексот Retail Fresh Store во Скопје.

Spar e присутен во повеќе од педесет земји ширум светот, а е препознатлив по својот модел кој ги комбинира глобалните стандарди со локалните потреби, создавајќи релевантно и прилагодено искуство за потрошувачите во секој пазар каде што е присутен.

Новите маркети во Скопје ќе понудат внимателно селектиран асортиман кој вклучува свежи производи, секојдневни потреби, интернационални брендови, како и сопствени Spar производи познати по нивниот квалитет и конкурентна цена, велат од таму.

-Посебен акцент е ставен и на локалните производители, со цел да се поддржи домашната економија и да се зголеми присуството на македонски производи на рафтовите, посочуваат од таму, подвлекувајќи дека влезот на брендот носи и нови можности за вработување, како и инвестирање во обуки и развој на кадарот, со цел подигнување на професионалните стандарди во малопродажниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маркетите Кит-Го се ребрендираат во “Spar Macedonia”

Spar влегува во Македонија, ќе отвара маркет во Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести