Инфлацијата во април скокна на 5,7%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3%, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1%, Рекреација, спорт и култура за 1.4%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7%, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6%, Ресторани и услуги за сместување за 0.4%, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3%.

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2%.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 103.2.

Индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5.7%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка за годинава очекува инфлација од 4% и раст на БДП за 3,5%

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести