Македонија не е подготвена за уставни измени, кажа Муцунски

Македонија не е подготвена за уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, кажа денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава.

Тој рече дека во однос на условот за старт на преговорите со Европската унија (ЕУ), има недостиг на доверба, мислејќи на Бугарија, која не ја спомна во одговорот на прашањето, и недостаток на кредибилитет во однос на испораката кон Македонија, но не прецизираше дали станува збор за гаранциите кои ги бара земјава од ЕУ или повторно на источниот сосед.

-Дали ние правиме конкретни работи поврзани со нашата европска перспектива, не сакам да бидам репетитивен, бидејќи ова е тема што е многу актуелна во последниот период. Да, правиме.

Првото е тоа што го правиме во однос на Реформската агенда.

Второто е тоа што го правиме во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, но многу повеќе е тоа што го правиме за имплементација на европските вредности.

И на крајот на денот, слично со тоа што кажа и господинот Берсе – за објективната посветеност на нашата држава кон европските вредности, коишто се некогаш дури и поширок контекст од примената на заедничката надворешна и безбедносна политика, кажа тој.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести