На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство презентираа докази за агенцијата „Рубикон Секјурити солушнс“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека.
Истите како што презентираа од Обвинителството се однесуваат на начинот како се обезбедувал објектот, за дозволата за работа на агенцијата, нејзините вработени, а доказите вклучуваат и материјали обезбедени од извршени претреси во канцеларии и возила поврзани со агенцијата.
Меѓу друго од Обвинителството презентираа и договор помеѓу фирмата ММММ ДООЕЛ Кочани и агенцијата, за кој од таму подвлекоа дека претставува обид за “изигрување на институциите“, односно како што посочија – на истиот се гледало дека потписот не е ист со тој на директорот на агенцијата, обвинетиот Јане Јанчески.
Одбраната пак на обвинетите пак посочија дека Обвинителството немало ниту еден доказ, што покажува дека агенцијата работела според закон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Александар Нацев не е вистинскиот сопственик на „Рубикон“, кажа неговата одбрана
Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше т.н. дискотека во Кочани
Фото: Игор Бансколиев













