Обвинителката Наташа Крстева Цалева и понатаму ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје, одлучи денеска на седница Советот на јавните обвинители.
Таа останува вршител на должност (в.д.) шефица на Обвинителството, а за првпат беше избрана на таа функција во декември лани. Мандатот од шест месеци и завршуваше утре.
Беше избрана едногласно, а ќе остане на позицијата додека не се избере нов шеф.













