Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници за август, а неа има 2.051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3.992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 161.102.815 денари (повеќе за 38.890.447 од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ