Разрешениот Кузмановски парично казнет од Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Игор Кузмановски, поранешниот директор на Клиниката за неврологија, кој беше разрешен поради снимка на која се гледа како користи дрога, по што се откри дека имал истечена лиценца за доктор, ќе биде казнает парично со глоба од 500 до 1.000 евра, поради тоа што работел без важечка лиценца за работа, информираа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешениот директор на Неврологија, Кузмановски, немал лиценца за доктор

„Со решение од Министерство за здравство бр.11-8171/1 од 07.08.2025г. проф. д-р Игор Кузмановски е именуван за в. д. директор на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје. Врз основа на решението, од страна на Управниот одбор на клиниката (УО) донесено е решение бр.0402-1885/1 од 21.08.2025г. за мирување на работното место на проф.д-р Игор Кузмановски доктор специјалист-невролог раководител на Оддел за развојна неврологија сметано од 08.08.2025 година.

Според календарот на активности во интегрираниот информатички систем Мој термин за сите доктори специјалисти вработени во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје за периодот од 01.01.2025г. заклучно со 30.11.2025, се констатира дека д-р Кузмановски обавувал здравствена дејност до 08.08.2025 

Со назначувањето на в. д. дирекор не се евидентирани здравстени услуги реализирани од негова страна. Од увидот во персоналното досие утврдено е дека има последна лиценца за работа издадена од Лекарска комора (ЛК) на Република Македонија бр.0009786 со важност до 15.03.2025 година. Од тој датум до денот на назначување на в. д. директор проф. д-р Игор Кузмановски обавувал здравствена дејност“, велат од ДЗСИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешениот Кузмановски има активен факсимил, велат од Фондот за здравство

Каков имот пријавил Игор Кузмановски, разрешениот директор на Неврологија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести