Реплек со раст на нето добивката од 77% во третиот квартал

Реплек АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил консолидирана нето добивка по оданочување од 239 милиони денари (3,9 милиони евра), што претставува раст од 77% во однос на истиот период во 2024 година, информираше компанијата преку Македонската берза.

-Овие резултати ја потврдуваат ефективноста на стратешките инвестиции и успешното позиционирање на компанијата на регионалните и меѓународните пазари, велат од таму.

Нето профитната маргина бележи значително подобрување – од 9,9% во првите девет месеци од 2024 година, пораснала на 14,8% во 2025 година.

-Овој пораст ја одразува зголемената оперативна ефикасност и оптимизацијата на трошоците, што резултира со повисока профитабилност на продажбата, велат од таму.

Сегментот Фармација остварил приходи од 26 милиони евра, што претставува раст од 18% во споредба со истиот период во 2024година.

-Континуираното зголемување на побарувачката и успешната имплементација на нови производи ја зацврстуваат позицијата на Реплек на фармацевтскиот пазар, велат од таму.

На домашниот пазар компанијата остварила приходи од 6,25 милиони евра (+18% YoY), а од извоз има приходи од 19,70 милиони евра (+18% YoY).

-Со структура на приходи од 75% извоз и 25% домашен пазар, компанијата останува доследна на стратегијата за балансирана географска распределба, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Настел продаде нови акции во Реплек

Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек

Реплек со раст на нето добивката од 77% во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести