САД ќе „управува“ со Венецуела до транзиција на власта, Американци ќе продаваат венецуелска нафта

На прашањето кој ќе управува со Венецуела, откако по нападот на земјата, од страна на САД, беше заробен претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, кои веќе се во Њујорк, одговор на прес-конференција даде американскиот претседател Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Заробениот Мадуро е во Њујорк

Тој кажа дека САД ќе „управувале“ со земјата, додека не се реализира транзицијата на власта, но и дека САД ќе изврши нови напади, ако има потреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД

Дека и нафтата е една од причините за нападот на Венецуела, потврди и самиот Трамп, кој најави враќање на американските нафтени компании во земјата.

Да потсетиме дека пред неколку децении Венецуела национализираше нафтени компании во земјата со кои управуваа и Американци.

Венецуела има едни од најголемите резерви на нафта во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет

Македонија со подршка за нападот на САД на Венецуела и заробувањето на Мадуро

(Видео) САД ја нападна Венецуела, претседателот Мадуро зарабоен и изнесен од земјата

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести