Кој е Садула Изаири, новиот член на Судскиот совет

Садула Изаири е нов член на Судскиот совет, од немнозинските заедници.

Тој вчера во македонското Собрание даде свечена изјава, а за него во јануари гласаа 179 судии од вкупно 390 кои го искористиле правото на глас.

Изаири работи во Основниот суд Тетово.

Кој е Изаири

Роден на е 17.10.1969 година во Тетово.

Во 1994 година дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина, Косово.

Во 2004 година го положил правосудниот испит на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Работно искуство

Од 1998 година до 2000 година работел како управител во приватна фирма во Тетово.

Од 2001 година до 2005 година работел како секретар во Општина Боговиње Тетовско.

Од 2005 до 2006 година работел како адвокат во Тетово.

Од 2005 година до 2008 година бил генерален директор во Македонски пошти.

Во 2008 година со одлука на Судски совет е избран за судија во Основен суд Тетово.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести