Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција најави објавување на „бомби 2.0“ за коруптивни скандали на власта.
Рече дека „бомбите“ веќе биле подготвени, а за истите во партијата имале докази и документи.
Партијата исто така ќе формирала нов антикорупциски тим во рамките на програма наречена „Нова сила“, кој ќе бил составен од советници, експерти по право и финансии и млади истражувачи кои ќе ги анализирале документите и ќе поднесувале пријави до домашните и меѓународните институции.
СДСМ ќе направела и платформа преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат корупција и да прикачуваат докази, најави тој.
Филипче информираше и дека СДСМ ќе ја повикал европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, и лично да се запознаела со “малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра“ и дека ќе поднесат иницијатива и до институциите во Италија кои се бореле против мафијата Коза Ностра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Целото раководство на СДСМ поднесе оставка, по предлог на Филипче
Која е Ана Чупеска, потпретседатеката на СДСМ, која поднесе оставка
Кој се е во раководство на СДСМ, за кое Филипче најави кадровски промени
Фото: СДСМ














