Владејачката ЗНАМ на вчерашниот втор круг од локалните избори освои само еден градоначалник.
Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, кој е и лидер на партијата, Максим Димитриевски, останува на функцијата.
Партијата на локалните избори вкупно освои само еден градоначалник.
Кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, за скопската општина Центар, кој доби и подршка од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изгуби од кандидатот на опозициската СДСМ и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Скопје
Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Кочани
Александар Јовановски е новиот градоначалник на Кичево














