Македонија од денеска е под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса, која се очекува да донесе поплави и проблеми во сообраќајот.
Освен обилен дожд, кој на места низ земјата во следните 24 часа ќе донесе и 30 литри на метар квадрат воден талог, ќе има и можност за развој на краткотрајно невреме проследено со засилен јужен ветер, кој локално ќе надминува и 60 km/h, како и ретка појава на грмежи.
Температурите низ земјата ќе се движат од 6 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од Скопската котлина може да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен, а локално и засилен јужен ветер.













