Времето за новогодишната ноќ ќе биде со засилен до силен северен ветер што ќе услови температури под нулата.
Утре наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег.
Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.
Фото/Unsplash














