Што значи праг од 0,95% за независните кандидатски листи, доколку предлогот се изгласа во Собрание

Претседателот на Собранието Африм Гаши за денеска закажа итна седница за Измени на Изборниот законик, на која треба да се расправа за предлогот, независните кандидати место со потписи од 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во една Изборна единица, да можат за избори да се кандидираат со 0,95 % од вкупнозапишаните во една Изборна единица.

Што ова ќе значи доколку овој предлог се изгласа?

„Предлогот им заштедува 1.142 потписи во споредба со од Уставен суд укинатото решение од 1%. Иако им „заштедува“, им „остануваат“ дури 21.611 потписи потребни да кандидираат кандидати во секоја од општините. Ако споредиме со старото законско решение од 2006-та, тоа се 6.761 потписи повеќе.

На ниво на цела држава, за секој 105-ти регистриран гласач, потребен е потпис за независна кандидатура. За партиите, на секои 2.275 гласачи, им е потребен член. Ова е 21 пати помалку фер за независните кандидати. Заклучок – не се предлага подобро законско решение.

За гласачите во 37 општини (во кои и Град Скопје), можноста да гласаат за независни кандидати е полоша во споредба праговите од старото законско решение од 2006-та година. Во бројки, тоа се 1.973.959 гласачи,“ пишува Миша Поповиќ од Институтот за демократија Социетас Цивилис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Независните кандидати не треба да се заложници на партиските монополи, велат од ДОМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести