Сиљановска Давкова се сретна со Ердоган: Mакедонско-турските односи се темелат на силно пријателство, доверба и континуирана поддршка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе учествува на 5. Дипломатски форум во Анталија, а претходно се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во Долмабахче, Истанбул.

„Му благодарам на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за гостопримството, конструктивниот и искрен разговор во Долмабахче, Истанбул. Согласни сме дека македонско-турските односи се темелат на силно пријателство, доверба и континуирана поддршка, со значаен придонес на турските инвестиции во севкупното македонско општество.

Очекуваме дека Советот за соработка на високо ниво да отвори нови можности за поструктурирана соработка. Благодарност за поканата да учествувам на 5. Дипломатски форум во Анталија, неизмерно важен во денешниот глобален контекст,“ вели Сиљановска Давкова.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести