Директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол предупреди дека на Европа ѝ останаа „можеби уште шест недели резерви на гориво за авиони“.
Ова би резултирало со можни откажувања на летови доколку резервите на нафта и понатаму се блокирани поради војната во Иран.
Бирол, во интервју за Асошијетед прес оцени дека поради блокадата на Ормускиот теснец, светот во моментов се наоѓа во „најголемата енергетска криза досега“ и актуелната ситуација ќе има „големи последици врз глобалната економија“.
И што подолго оваа криза трае, толку попогубно ќе биде по економскиот раст и инфлацијата ширум светот, посочи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на авионските билети ќе продолжат да растат
Фото: Unsplash














