Денеска во Startup Club Македонија ќе се одржи настан посветен на претприемништвото, стартап екосистемот, иновациите и можностите за финансирање преку бизнис ангел инвестиции, со поддршка и учество на European Business Angels Network, Q&A, networking и презентација на книгата „Zero Risk Startup” од Paulo Andrez.
Настанот ќе обедини домашни и меѓународни експерти, инвеститори, претставници на институции, академската заедница и стартап секторот, со цел поттикнување на соработка, размена на искуства и отворање нови можности за поддршка на иновативни идеи и компании во регионот.
„Главниот фокус на настанот ќе биде насочен кон развојот на стартап екосистемот, пристапот до инвестиции, дигиталната и зелената транзиција, примената на нови технологии и улогата на академската заедница во создавање иновативна и конкурентна економија.
Преку панел-дискусии, презентации и вмрежување, учесниците ќе имаат можност да разменат знаења и искуства, како и да иницираат нови партнерства помеѓу бизнис секторот, инвеститорите и образовните институции,“ велат од EMKICE KIC и ACRID Network.
Организаторите посочуваат дека настанот претставува важна можност за зајакнување на регионалната соработка и создавање услови за поголема поддршка на младите претприемачи и иновативните компании.














