70.000 евра за украсување и прослава за Нова Година во Скопје

За украсување и прослава во Скопје за Нова Година ќе бидат потрошени 70.000 евра, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Парите се обезбедени со ребаланс на градскиот буџет, а засега не е познато од каде ќе се крати.

Деновиве треба да бидат познати деталите за програмата, изведувачите и концептот на украсување и кој ќе ги добие овие пари.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести