Во кои скопски општини ќе има втор круг

На 2. ноември втор круг од локалните избори ќе има во четири скопски општини, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК): Центар, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари.

Вчера во првиот круг беа избрани градоначалници на скопските општини: Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изет Меџети го победи Бујар Османи уште во првиот круг

Во Општина Аеродром во вториот круг ќе се избира помеѓу канидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник, Дејан Митески, кој доби 49,09% и Александар Трајановски од СДСМ, кој освои 20,79% од гласовите.

Во Општина Центар, битката ќе биде помеѓу актуелниот градоначалник и кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски, кој освои 38,21% и Мирослав Лабудовиќ од движењето ЗНАМ – За наша Македонија, кој имаше поддршка од владејчката ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 25,53% од гласовите.

Во Општина Карпош ќе се избира помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој освои 34,51% и актуелниот градоначалник од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски, кој има 29,40% од гласовите.

Во Општина Шуто Оризари битката ќе биде помеѓу актуелниот градоначалник Курто Дудуш од Унија на Роми, кој освои 36,57% и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 20,69%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје, Каја Шукова е четврта

Втор круг ќе има и за градоначалник на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџети стана градоначалник, кој ќе биде нов прв вицепремиер?

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници

Вреди доби пет градоначалници во првиот круг

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести