Со ЕК се работи на трајно решение за превозниците во Шенген зоната, велат од Министерството за транспорт

Од Министерството за транспорт информираа дека во координација со Европската комисија (ЕК) се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период биле во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот.

– Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија, каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци, како и можностите за друг вид визи.

Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем, велат од Министерството.

Дијалогот со ЕК, како што велат од таму, бил активен и сите можности се разгледувале од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на ЕК.

– Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни.

Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави.

Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ “некреативна“, ги одби сите предлози на транспортерите од регионот, можни нови блокади

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести