Нафтената кризна состојба во Македонија се продолжува до 20. јули

Во македонското Собрание денеска беше усвоен Предлогот за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија до 20. јули годинава.

Одлуката ќе почне да се применува од 21. април, откако истата ќе биде објавена во Службен весник.

Истата е резултат на продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати поради конфликтот на Блискиот Исток, кој го предизвикаа САД и Израел со нападот на Иран.

Продолжувањето е исто така условено и од неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба поради конфликтот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести