Од Државната изборна комисија (ДИК) денеска информираа дека се завршени изборите за советници во 79 општини и Советот на Град Скопје.
Во општината Аеродром, коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 15 советници, Левица шест, Коалицијата за локални избори 2025, предводена од СДСМ пет, а ЗНАМ еден советник.
Во Општина Богданци коалицијата, предводена од СДСМ, освои шест, а коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет советници.
Во Општина Босилово, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои десет, а коалицијата, предводена од СДСМ пет советници.
Во Општина Бутел коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои девет советници, Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, четири, Вреди четири, коалицијата, предводена од СДСМ еден, како и Левица.
Во Општина Велес коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 16, коалицијата, предводена од СДСМ, три, Левица три, а ЗНАМ еден советник.
Во Општина Виница коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои девет советници, а коалицијата, предводена од СДСМ шест.
Во Општина Гази Баба, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 17 советници, коалицијата, предводена од СДСМ четири, Левица четири, Вреди еден и НАИ еден.
Во Општина Гостивар НАИ освои 12 советници, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет, Вреди три, Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) двајца, коалицијата, предводена од СДСМ еден.
Во Општина Долнени, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои три советници, ДПТМ три, Вреди два, НАИ два, Искуство за успех еден, ЗНАМ еден, Движење за национално единство на Турците еден, Група избирачи Сафет Реџоски еден и група избирачи Раим Кера еден советник.
Во Општина Карпош, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 11 советници, Левица четири, Искуство за успех четири, СДСМ четири, Група избирачи Татјана Чакулев три и ЗНАМ еден.
Во Општина Кичево, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои осум советници, НАИ пет, Вреди три, Група избирачи Куитм Касами два мандата, коалицијата, предводена од СДСМ еден.
Во Општина Кривогаштани, коалицијата, предводена од СДСМ освои пет советници, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ пет и Левица еден.
Во Општина Прилеп, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 17 советници, коалицијата, предводена од СДСМ шест, Левица три и ЗНАМ еден.
Во Општина Ресен, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои девет советници, коалицијата, предводена од СДСМ три, Вреди еден, НАИ еден и ДПТМ еден.
Во Општина Чаир, Вреди освои 14 советници, НАИ 11, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ еден и ДПТМ еден.
Во Општина Чашка НАИ освои шест советници, коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ три и коалицијата, предводена од СДСМ двајца.
Ова се општините за кои беа поднесени приговори за постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето или за самата постапка за гласање.
ДИК претходно минатата недела објави дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето на 19. октомври за избор на советници во општините и во сите овие општини гласањето е завршено и резултатите се конечни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечни резултати: Во 33 општини ќе има втор круг
Фото: Игор Бансколиев














