Советувањето со странските експерти за Кочани продолжува, велат од Фонд за здравство

Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија денеска се сретнала со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информираат од таму. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани.

„Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Инаку во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.

Овие естетско-функционални протези се наменети за специфични потреби, се прават скроени по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата,“ велат од Фондот.

На средбата се разговарало и за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска.

Клековски претходно бил во комуникација со амбасадорката Симона Франкел, здравствените власти, како и докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Шиба медицински центар и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим.

Тимовите од Израел што помогнаа по трагедијата во Кочани моментално се ангажирани во третман на повредените од ракетните напади.

Фото: ФЗОМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести