Становите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, кои се запленети за случајот „Плацеви на Водно“, повторно се продаваат, објави Фокус.
Првиот обид за нивна продажба беше неуспешен.
Сега истите се продаваат по пониска цена.
Се работи за три станови на Водно во Скопје, со вкупна површина од 750 метри квадратни. Првично тие беа проценети на 2,4 милиони евра, а сега нивната цена се намали на 1.843.000 евра, пишува Фокус.
Еден од становите е со површина од 155 метри квадратни и балкон од 95 метри квадрати и сега се продава за 569.662 евра.
Вториот е со површина од 199 метри квадрати и балкон од 48 метри квадратни и се продава за 635.220 евра.
Третиот е со површина од 200 метри квадратни и балкон од 48 метри квадрати и се продава за 637.896 евра.
Становите ги продава Агеницијата за управување со одземен имот, а јавното наддавање за становите ќе биде електронски на 23. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работи фирмата на Груевски во Унгарија
На продажба станови на Груевски, на колку се проценети?
Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија
Фото: Груевски/Фејсбук













