Стојанче Ангелов е новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојанче Ангелов стана директор на Дирекцијата за заштита и спасување
Тој на новата позиција доаѓа од директорското место во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Нов директор на ЦУК е пак Мухамет Али.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамет Али е нов директор на Центарот за управување со кризи
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал в.д. директор на ЦУК, во 2021 година, кој го имаме во архива.
Каков имот пријавил?
Според неговиот анкетен лист како заеднички имот пријавил стан во Скопје од 123 метри квадратни, проценет на 7,5 милиони денари.

Како заеднички имот пријавил и возило опел вектра, а на име на сопругата и возило рено меган.
На сопругата и ја пријавил и платата, но не и неговата, а на свое име тогаш пријавил и воена инвалиднина од 19.600 денари месечно.
На свое име пријавил и два кредити од по 1,5 и 6,3 милиони денари, кои треба да ги врати до 2030 и 2040 година.
Фото: Ангелов/Фејсбук