Стопанската комора изрази жалење за пожарот кој ја зафати фабриката на “Макпрогрес„, „Винчини“ во Виница, од кој три клучни погони се целосно уништени.
„Овој настан која ќе остави длабока трага врз работењето на една од најуспешните извозни компании во Македонија, во групата на најпознати компании во кондиторската индустрија, препознаена по брендот „Винчини“.
„Макпрогрес„ Виница е истакната наша членка која предничи со своите активности и во работењето на Комората, и во градењето деловен амбиент во државата.
Членови на сопственичката структура секогаш се наоѓале во врвот на раководството на Стопанската комора. Во гаснењето на пожарот свој придонес дадоа и нашите членки, кои своите капацитети ги ставија на располагање“, велат од Комората.
Стопанската комора најави формирање на кризен штаб и ќе преземе активности за целосно нормализирање на состојбите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, во гаснењето вклучени пожарникари од три општини
Фото: ДПД Кочани














