Надојдената вода од реката Тркања однесе 120 јагниња и 100 овци од штала во струмичкото село Костурино, а поплави на земјоделски површини и дворови има и во Миртуно и Сачево.
Од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица информираат дека водостојот на реките постепено се стабилизира, особено на реката Тркања, која вчера се излеала пред влезот во Струмица.



Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков информираше дека уште од утрово механизацијата на ЈП Комуналец е на терен, а ангажирана е дополнителна механизација од приватниот сектор.
Фото: Јанков/Фејсбук













