Студенти од ФЛУ Скопје, дел од голема меѓународна изложба во Сараево

На меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети“ во Сараево, со свои дела учествуваат и дваестина студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје.

Проектот е континуирана меѓународна соработка која во 2024 година беше претставена во Едрене, Турција (на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тракија) и во Ниш (на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш).

Секоја година се прави нова, збогатена селекција на дела во согласност со локацијата и концептот на изложбата. Во 2026 година, овој проект ќе биде претставен и во Галеријата на ФЛУ во Скопје.

Учество на студентите на меѓународната изложба во АЛУ Сараево, како и присуството на делегација од четири члена од ФЛУ при УКИМ, е поддржано од Министерството за култура и туризам.

Покрај изложбата, посетата ќе биде искористена и за унапредување на интеринституционалната соработка, вклучувајќи потпишување договори за академска и уметничка размена, што ќе овозможи нови можности за споделување знаења, искуства и студентско вмрежување.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести