Едно лице убиено во престрелка во Тетово, неколку повредени, меѓу кои и малолетничка и случаен минувач

Денеска во Тетово во вооружена пресметка помеѓу лица од две возила загина едно лице, а се повредени четири лица меѓу кои и малолетничка и пешак – случаен минувач.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, престрелката се случила во 12.30 часот на крстосницата од улицата ,,Илинденска” со улицата ,,Благоја Тоска”.

При престрелката се случила и и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото. Едното се упатило кон улицата ,,113″, а другото во непознат правец.

Подоцна е констатирано дека возилото кое се упатило кон улицата ,,113″ е патничко возило ,,форд фиеста” со тетовски регистарски таблички. По извршената проверка било констатирано дека се работи за одјавени регистарски таблички од истото возило, сопственост на Е.М. (19) од тетовското село Гајре.

На крстосницата од улица ,,Благоја Тоска” со улица ,,107″ било пронајдено и другото возило – патничко возило ,,фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, сопственост на Ф.Р. (46) од Тетово. Во возилото било пронајдено едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје.

Во Клиничката болница -Тетово биле пренесени три лица со повреди. Од нив едно е малолетно девојче од Тетово со повреди од огнено оружје и тоа е задржано на опсервација.

Другите две лица О.О. (34) и Р.Т. со прострелни рани, како итни случи, потоа се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Во престрелката од возилата повреден е и еден пешак А.С. (60) од Тетово, кој бил случаен минувач и бил пренесен во клиниките во Скопје.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести