
Елена Кузмановска Биондиќ избрана за нов член на Комисијата за заштита на конкуренцијата
Македонското Собрание избра нов член на Комисијата за заштита на конкуренцијата – Елена Кузмановска Биондиќ. Таа е дипломиран економист и магистер по економски науки во областа на финансиски менаџмент од Скопје. Одлуката за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата е објавена во Службен Весник.


















