(Видео) За да ја држат основата на автопатот Кичево-Охрид арматурни кафези од 30 тони се забиваат под земја

Во моментов кај Ботун се решава најтешкиот предизвик на автопатот Охрид – Кичево.

Имено, како што информираше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, со специјални машини кои тежат по 130 тони се влегува во земјата по 20 до 28 метри (што одговара на висината на зграда од седум до 11 ката), за да се стабилизира земјиштето на најтешкиот дел од автопатот.

Станува збор за вкупно 250 арматурни кафези. Секој од нив тежи по 30 тона железо. Тие се спуштаат во земја и истите потоа тоа се поливаат со бетон. Помеѓу нив има цевки и челични јажиња, кои ги држат едните со другите.

Такви решенија ќе бидат применети на 250 места на автопатот, од кои 163 кај Ботун, а другите на други делови од трасата, меѓу другото, и кај Кнежино кај Кичево.

Моментално се ангажирани три вакви машини. Министерот најави и дека ќе бидат донесени уште две до пет такви машини.

Еве како изгледа тоа:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Две галерии од автопатот Охрид – Кичево се целосно завршени, третата се гради

Гранит ќе добие уште 80 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид

Фото/видео: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести