Две галерии од автопатот Охрид – Кичево се целосно завршени, а третата се гради.
Информацијата ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој посочи дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земјиштето, што беше еден од проблемите при изградбата на автопатот.
Тој информираше и дека паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.
Инаку овие три галерии имаат вкупна должина од 1.100 метри.
Тунелите што се градат пак ќе бидат најдолгите во Македонија – едната цевка е со должина од 2 километри, додека другата е 2.100 метри.







ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид
Kинеската банка „Ексим“ веќе не го финансира автопатот Кичево – Охрид
Фото: МТ














