Колку граѓани гласаа за независност на Македонија

На денешен ден пред 35 години граѓаните на Македонија на референдум гласаа за независност.

На гласањето, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%.

На прашањето “Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“, позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани или 95,26% од тие што гласале.

Процентот пак на граѓани што биле за независност на земјава од вкупниот број на гласачи изнесува 72,16%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ја призна Македонија дури во 1996 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести