Може ли вештачката интелегенција да не остави без струја?

Во светот, па и во Македонија, моментално се води сериозна дебата за последиците од брзиот развој на вештачката интелегенција (ВИ).

Кога се во прашање последиците од тоа врз иднината на човештвото едно од главните прашања е дали ВИ може да не остави без струја.

Во тој контекст ќе Ве потсетиме дека изминатиов период во Македонија топ тема беше изградбата на дата-центри, без кои нема ВИ, а главното прашање беше дали земјава има доволно струја и вода за да и кај нас се градат вакви центри на приватни инвеститори, додека низ светот се протестира против нивната изградба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клучното прашање е дали Македонија има капацитет за комерцијални дата-центри, а не дали да се градат

Дали ВИ може да не остави без струја?

Да. Тоа е краткиот одговор на оваа прашање.

Тоа е така бидејќи за да функционира ВИ и е потребна струја, огромни количини, што може да предизвика локални рестрикции или мрежни оптоварувања на енергетската мрежа. Неможе да функционира и без интернет.

Троши многу струја бидејќи користи моќни сервери за обработка на податоци. Се користат илјадници компјутери кои работат непрекинато.

Исто така центрите за податоци бараат постојано ладење, што троши дополнителна струја и милиони литри вода.

Затоа во моментов се бараат нови извори на струја (освен обновливите), а нуклеарните централи со сите нивни предизвици може да се вратат на голема врата.

Напад на енергетски систем

Голем предизвик во натамошниот развој на ВИ е дали ќе стигне до напредна фаза кога човек ќе неможе да ја контролира (веќе сме сведоци на вакви инциденти), а бидејќи не станува збор за живо суштество, да донесе самостојна одлука на пример да нападне енергетски систем, и покрај тоа што без струја неможе да постои, бидејќи не размислува како нас, а во напредната фаза би се тркала со нас, без да размислува за последиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали вештачката интелегенција е закана за човештвото?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести