
ДЗР: Пензискиот фонд доцни со уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб и на придонесите за здравствено осигурување на пензионерите
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за 2024 година, информираа од таму. Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските


















