
Денеска е Прочка, утре започнува Велигденскиот пост
Денеска е Прочка, кога православните христијани ги прават последните подготовки за почетокот на Велигденскиот пост, кој започнува утре. Со смирение и покајание, потребно е сите да си простиме за она што сме го згрешиле еден кон друг. Бидејќи, се вели дека бадијала не јадеш храна, ако го јадеш братот свој.



















